Две третини од Македонците не можат да одат на одмор

Според истражувањето на Евростат Македонија и Србија, се наоѓаат на врвот на листата земји чии што граѓани не можат да си дозволат да одат на одмор.



Речиси две третини од Македонците, односно 65,3 отсто не можат да си дозволат годишен одмор во траење од седум дена во странство, а во Србија процентот е 62, 8 отсто.

На ниво на Европа, најдобра е состојбата во Норвешка каде што само 6 отсто од жителите не можат да си дозволат седумдневен годишен одмор во странство.

Од членките на ЕУ, најлоша е ситуацијата во Романија каде што две третини од населението не може да си дозволи седумдневен одмор во странство. Потоа следува Хрватска каде 61, 2 отсто, пренесува Маккфакс.