Професорот Шкариќ признава дека се води државна пропаганда за името

Веќе подолго време се мислам да му пишам отворено писмо на мојот некогашен професор Шкариќ, но не стасувам… Можеби во некој од наредните термини за колумна. Го слушав неговото денешно интервју за Телма – полно со контрадикции, со колебања помеѓу неговата професорска совест и политичката преференца. Но, засега само ќе укажам на една негова фројдовска грешка – зборувајќи за КОНТРАПРОПАГАНДА, тој признава дека во Македонија на дело е ПРОПАГАНДА – која се разбира, ја води владата, коментира професорката Билјана Ванковска во врска со настапот на професорот Светомир Шкариќ.



Професорката вели дека умрела од смеа кога слушнала “колку сме биле моќни ние контрапропагандистите – можеби затоа што ја зборуваме вистината, па таман и небото да се урне! И затоа што не прифаќаме устав запишан во камен, за вјеки вјеков, за идни генерации”.