Шверцувал 7,5 килограми хероин во Грција

35 годишен Пакистанец бил уапсен на меѓународниот аеродром во Атина „Елефтериос Венизелос“ во обид да прошверцува хероин.



Тој пристигнал од Пакистан, преку Каиро, и во багажот носел три кеси со хероин со вкупна тежина од 7 килограми и 586 грама, кои биле запленети.