Платите растат, ама народот не знае (ВИДЕО)

Министерот Тевдовски информираше дека просечната нето-плата во Македонија пораснала за 7,1 отсто во мај во однос на истиот месец претходната година и таа сега изнесува 24.509 денари, што значи дека е повисока за 1.600 денари на годишно ниво.



Виедео пораката беше засилена со изјава наминистерката за труд и социјална политика Мила Царовска, според која која  растот на плати е најсилен во индустријата за производство на текстил, облека и кожа, бидејќи на годишно ниво има раст од 2.600 денари кај текстилот, од 1.700 денари кај секторот со облека и 1.800 денари кај кожната индустрија, пренесе „Фокус“.