„Прескокнати“ 401 амандман, Изборниот законик оди во Собрание

Комисија за европски прашања синоќа ја заврши расправата по Предлог-законот за изменување на Изборниот законик по скратена постапка, во второ читање, без да се одлучува по 401 амандман предложени од  ВМРО-ДПМНЕ.



Претседателот на Комисијата, Артан Груби објасни дека има многу пријавени за збор, дека нема време сите да дискутираат, а седницата согласно Деловникот мора да заврши до полноќ и одлучи да не се гласа по поднесените амандмани.

Со измените на Изборниот законик се предлага Државната изборна комисија да се избира со просто мнозинство од 61 пратеник, наместо со двотретинско од 81 пратеник како што беше досега.

Предлог-законот кој во Комисијата помина со „евопско знаменце“ ќе биде на дневен ред на седница на Собрание во понеделник.