„30 тони или 3 камиони со по десетина тони земјоделски производи извоз е направен денеска за Косово до 11 часот. Споредбено пред воведување на мерките од Косово во истиот период имало извоз на околу 100 тони земјоделски производи откако од вчера стапија мерките за 30 насто повисока царина за 21 производ од Македонијја со  кои Косово ќе го штитело соптственото производство, пишува Фактор.мк



Министерството за земјоделство информираше дека доколку Косово не ја повлече одлуката Македонија ќе воведе контра мерки.

Мерката од Приштина коинцидира со посетата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој денеска и утре, ќе престојува во официјална посета на Република Косово.

Жешката темата за царините во делот на економската размена“ ќе биде расправана на средбите со првиот заменик премиер и министер за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли и со косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.

„Ако воведеме контрамерки. работата ќе есклира не во лош правец, изјавил денеска минитерот Димитров и додал дека тогаш однпово ќе треба да седнеме и да расправамеда најдеме решение.

Димитров, пред неполн месец ги промовираше македонските домати токму како дипломатско средство, откако вети дека на секоја земја која ќе го поздрави почетокот на Македонија со Еу, ќе им испррати „македонски јабучар“ по брза пошта.

Се чини пораката не стигна идо Косово кое на Мкедонја и наметна 30 отсто повисока царина за 21земјоделски период до октомври (додка е сезона).

Ианку, од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за економија испратиле и допис до ЦЕФТА, ЕУ и до Владата на Косово, во кое како што велат барале повлекување на одлуката на Косово за зголемување на царините за увозното овошје и зеленчук.

Косово од Македонија најмногу увезува јаболки, пиперки, грозје (кое не е на листата) домати, друг вид пиперки, кромид, краставици, зелка, а само вчера поради царините не се откупени 100 тони зеленчук и овошје.