Атина смирува, Москва порачува: „н’е разочаравте“

Алексис Ципрас и министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас се обидуваат да ги смират тензиите со Москва и вчера имаа повеќечасовна средба по одлуката Сергеј Лавров да ја откаже посетата на Атина закажана за септември.



Москва, преку амбасадорот на Русија во Грција, Андреј Маслов, рече дека нема услови за планираната посета и дека ќе бидат  преземени контрамерки по протерувањето на двајца руски дипломати од Грција.

„Не знам кога, кој и колку, но, се разбира … ќе има контрамерки“, јави Тасс.

Рускиот претседател Владимир Путин, за време на телефонскиот повик во март, го покани премиерот Алексис Ципрас да ја посети Москва, а планираното патување со Лавров требаше да ги утврди деталите.

Владини извори истакнаа декаа Лавров е добредојден во Атина.

Но, во денешната порака  на „Твитер“ руската амбасадасе забележува дека потезите Грција предизвикаа разочарување во Русија:

„Потезите на грчката страна на 190-годишнината од воспоставувањето на нашите дипломатски односи и 25-годишнината од Фундаменталниот пакт за пријателство и соработка станаа фрустрирачки за нас“, се вели во пораката.