Заев да не бара поддршка за референдумот од малите етнички заедници

Претставници на помалите етнички заедници со критики за одлуката на премиерот на лидерската средба на која беа поканети лидерите на партии со најмалку двајца пратеници. Ваквата формула е погрешна и со неа се дискриминираат сите други помали етнички заедници, смета Ердем Амет новинар и активист од Скопје.



“Формулата за учество на партиите со најмалку двајца пратеници на лидерската средба значи дека владата не сака да го чуе гласот на Турците, Ромите, Србите, Бошнаците и Власите. Истата таа Влада очекува гласови ЗА од овие заедници на референдумот. Нема логика”, вели Ердем Ахмет.

Тој предходно се закани дека ако во позадината на Преспанскиот договор стои идејата на Ципрас со него да се намали турското влијание во Македонија, како што изјави во една прилика, тогаш Турците ќе размислат дали ќе гласаат за него.