Државјани на трети земји кои сакаат да инвестираат во Грција и во недвижности ќе можат да добијат дозвола за престој во земјата.
Според амандман од Министерството за имиграциона политика, кој се очекува да биде поднесен таканаречена „Златна виза” може да добијат сите оние кои ќе депонираат најмалку 400.000 евра во банкарска сметка во грчка кредитна институција.
Во исто време, оние кои ќе ја добијат ваква дозвола за престој исто така ќе можат да ги донесат членовите на нивните семејства во Грција.





