Билал Касами од тетовското крило на Беса или Зијадин Села на Алијанса на Албанците треба да се договорат кој од нив двајца ќе биде присутен на денешната лидерска средба.
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, кој ја напушти вчерашната средба во Клубот на пратениците, побара да има лидерска средба на која ќе учествуваат само двете најголеми македонски и двете најголеми албански партии.
Алијансата за Албанците на Села и Беса на Касами, имаат по двајца пратеници.
Лидерската средба е закажана за денеска точно на пладне.




