Војна со зборови меѓу Москва и Атина

Војна на зборови се водеше вчера меѓу министерствата за надворешни работи на Грција и Русија поради протерувањето на руски дипломати, кои Атина ги обвини за обид да се спротивстават на договорот за името на Македонија.



Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека „таквите работи не остануваат без последици“ и тврдеше дека трети земји стојат зад одлуката на Атина.

Изјавите на портпаролот на руското Министерство за надворешни работи се типичен пример за недостиг на почит кон трета земја, стои во реакцијата на грчкото МНР, на  прес-конференција на Захарова.

„Оваа негативна логика ги поттикна четворицата руски државјани да преземат чекори што доведоа до нивна депортација или забрана на нивниот влез во Грција. Доказите врз основа на кои Грција презеде акција, беа доставени навреме до руските власти кои се многу свесни за тоа што прават нивните луѓе“”, се вели во соопштението како пшто пренесува АНА-МПА.

„Овој континуиран недостаток на почит кон Грција мора да престане. Никој нема право или може да интервенира во нејзините внатрешни работи”.