Исчезнатиот навивач на Глазгов Ренџерс кој допатува во Скопје да го бодри својот клуб против ФК Шкупи, е жив и здрав и е тргнат на пат за дома.
„Имаме новост. Џејмс успеа да не контактира и сега е на пат за дома. Ви благодариме на сите за помошта“, напиша Конор Меклахлан на својот Фејбук профил откако предходно објави дека брат му исчезнал.
Неговиот брат наводно останал без батерија на својот мобилен телефон и го испуштил летот со кој требало да се вратат назад.




