Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, побара „почит“ кога еден новинар го праша дали бил пијан за време на самитот на НАТО минатата недела.
Поранешниот 63 годишен премиер на Луксембург рече дека имал болки во грбот и ги отфрли тврдењата дека неговиот проблем минатата недела имал никаква врска со алкохолот.
„Јас сум импресиониран од интересот на некои за овие прашања, кои не се ниту суштински и јас ги повикувам *(да покажат) почит“, рече шефот на ЕК.
Јункер во неколку наврати ги отфрли тврдењата дека има проблем со алкохолот – тврдења што главно произлегоа од британските медиуми кога Лондон се обидуваше да го блокира неговото назначување во ЕК пред четири години, пишува „И-ефимирида“.





