Спикерот на собранието Талат Џафери закажа седница на Собранието на која што треба да се работи на промени на Изборниот законик но денеска во законодавниот дом нема кворум за работа.
Власта не може да собере 61 пратеник за работа на Парламентот а пратениците на опозицијата одбиваат да влезат во собраниеската пленарна сала за да обезбедат кворум..
Нејасно е зошто СДСМ, ДУИ и нивната коалиција не може да собере доволен број пратеници во Собранието за законот за кој вчера беше направен преседан.
Од независноста ова е прв пат власта да се обидува законот за избори да го менува со мнозинство од 61 пратеник.
Според информациите причина за немање кворум на власта најверојатно е тоа што во текот на ноќта и утринава лидерите на политичките партии кои формално се среќаваат денеска на лидерска средба веќе постигнале договор за начинот од кој што Македонија ќе излезе од оваа мини криза.
Другата помалку веројатна опција што кружи во Собранието е дека дел од пратениците на власта заминале на одмор.





