Професорката Мирјана Најчевска реагираше по вчерашното гласање за измени на Изборниот законик без учество на опозицијата во Собранието.
Иако не го спомнува со име, Најчевска синоќа на својот Фејсбук профил директно му порача на премиерот што мисли за тоа:
„Со години тврдиш дека изборите се манипулирани, недемократски, нечесни, изиграни, …
Во изборната програма предвидуваш системски промени во изборниот законик и расчистување со секој оној кој придонел за изигрувањето и ограничувањето на правото на избор на граѓаните.
Доаѓаш на власт и си дремиш се додека странски амбасадор не ти објави јавно дека изборната комисија тие е корумпирана до срж.
Не ја разрешуваш изборната комисија туку ги молиш членовите за кои има индиции дека краделе и мамеле да си поднесат оставки (се разбира не ги санкционираш).
Во меѓувреме не преземаш ништо во врска со можните опструкции на симнатиот од власт но не и развластен режим на мафијата наречена ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Доаѓа време за многу чувствителен референдум во кој се бара висока демократска свест на граѓаните и визија за иднината.
Одеднаш ти текнува дека не може да го спроведеш референдумот затоа што немаш изборна комисија.
На недемократски начин го менуваш законот затоа што самиот си се спикал во ќорсокак и “немаш избор“.
Им велиш на граѓаните: овој недемократски акт е направен со цел остварување на демократијата.
Ма мора да си или многу глуп или …, не можам да си замислам ништо друго“, напиша „Најчевска.
Во денешниот пост, професорката дообјаснува:
„Не е поддршка на Заев и на актуелната власт да ги премолчуваш грешките кои ги прават, да ги негираш или минимизираш.
Поддршка е да им ги викаш во фаца за да може да ги поправат…“




