Поголеми царини за земјоделски производи од Македонија во Косово

Косовската влада расправа дали ќе се плаќаа дополнителна царина во виина од 30 отсто за земјоделските производи кои се увезуваат и од Македонија.



Македонското министерство за земјоделство денеска било известено од косовската страна дека привремените заштитни мерки ќе траат 90 дена и ќе се однесуваат за 21 производ кој влегува од која било земја.

Минатата недела косовското Министерството за трговија донесе одлука да се воведе привремена заштитна царина на 21 земјоделски производи. Трговците за овошје и зеленчук од Косово веднаш реагираа и побараа одлуката да се укине бидејќи е дискриминирачка и ќе ги поскапи земјоделските производи, пренесе Алсат М.