Политологот Миша Поповиќ од Институтот за демократија смета дека упадот што се прави за да се обезбеди функционален ДИК “не може да дојде сега туку после сеопфатен притисок врз ВМРО-ДПМНЕ и како последна алатка.
Во спротивно, смета Поповиќ ваквите преседани ќе станат навика која понатаму ќе служи за заобиколување и на функционални институции.
Според него сега е јасно дека опозицијата блокира а Иванов чека да се приклучи.
“Но замислете утре што ќе се случи ако дојде мнозинство кое ќе изгласа нешто навистина штетно – нема да има кој да го блокира”, заклучува политологот.





