Премиерот Зоран Заев од денешната прес конферецијата со еврокомесарот Јоханес Хан најави почеток на консултации за свикување нова лидерска средба.
Целта е да се надминат разликите со опозицијата околу подготовките за референдумот за преспанскиот договор за името.
„Сите треба да останеме посветени на овој момент, да помогнеме на овој процес, како што укажа еврокомесарот, пред с’е за доброто на граѓаните на Република Македонија, но и на нашите партнери во ЕУ, и затоа најверојатно утревечер ќе свикаме лидерска средба за да ги забрзаме процесите околу подготовката на РМ за престојниот референдум“ изјави денес премиерот како што пренесе МИА.
Брзината, како што пренесуваат медиуми, е поради сознанијата дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕво четврток ќе патува надвор од земјата.





