Политичките случувања, прашањето „Северна Македонија“, завршувањето на третата програма за финансиска помош на Грција, укажуваат на тоа дека Грците ќеизлезат на тројни избори следниот мај.
Во моментов, анкетите покажуваат дека најмалку 62 отсто од Грците се многу разочарани од тоа како владата се справува со прашањето на „Северна Македонија”, особено оние од регионот Македонија, односно северна Грција.
Во мај 2019 година, Грците ќе бидат повикани да гласаат за локалните гувернери и градоначалници заедно со пртеници за Европскиот парламент, гласање кое требаше да се одржи во октомври 2019 година.
Фактот што владата се согласи да ги забрза локалните и европските избори покажува дека општите избори најверојатно, ќе се одржат истовремено.
Главната причина е дека ако владата ги загуби европските и локалните избори во мај 2019 година, ќе се најде во неповолна положба ако парламентарните се одржат во септември 2019 година, кога истекува четиригодишниот мандат.





