Прекраснпото расположение на француските граѓани од победата на нивната репрезентација на Мундијалот за жал беше поматено од дивеењето на хулигани, што заврши со двајца загинати. 900, опожарени автомобили, ограбени продавници, повредени.



Социјалните мрежи се преполни со грд слики од дивеење на навивачите на улиците на Париз.

С’е започна кога францускиот тим го забележал првиот гол и ескалираше на крајот од натпреварот, кога Французите славеа со 4:2 против Хрватска.

Во борбите со навивачите, француската полиција мораше да употреби солзавец, гумени куршуми и водени топови. Беа ангажирани и специјални полициски возила…