И покрај притисокот за предвремени избори по летото, извесно е дека владата на премиерот Алексис Ципрас планира да одржи парламентарни избори, заедно со локалните и европските, во мај следната година. Има неколку причини за тоа.



Прво, премиерот бара време да го намали јазот меѓу владејачката СИРИЗА и Неа демократија, со оглед на предноста од  8 проценти. Ако сега се одржат избори, Нова демократија ќе добие 35 отсто од гласовите, наспроти 27 проценти кои би гласале за

Второ, помалиот коалициски партнер „Независни Грци“ која има помалку од 2 отсто и многу веројатно не би го поминал изборниот праг на следните години, се заканува дека нема да го го гласа преспанскиот договор во парламентот со што ќе сака да си го поткрене руинираниот рејтинг и може да изнуди криза на владата и избори меѓу јануари и март.

Трето, Ципрас ќе се обиде да спроведе серија контрамерки за да го олесни товарот на штедењее и да продолжи со намалување на даноците за средната класа, тие мерки да ги објави на Меѓународниот саем во Солун во септември.

Според  помошниците на премиерот СИРИЗА може да очекува политички придобивки следната година, кога „граѓаните ќе видат повеќе пари во нивните џебови“.

Конечно, Ципрас, би сакал да одржи избори откако ќе биде ратификуван договорот за името на Македонија со цел да се избегне тоа да стане прашање за кампањата, што би можело да има политичка штета за СИРИЗА.