Екс новинарот а сега раководител на тимот за комуникации, отчетност и транспарентност во кабинетот на премиерот Заев, Зоран Бојаровски, денеска ги спореди неговиот шеф и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Советникот на премиерот ги нарекува Заев и Ѓоковиќ победници и како аргумент за неговата теза постави паралелни фотографии на кои се гледа како Заев го бакнува пенкалото на Столтенберг во Брисел и како српскиот тенисер го бакнува пехарот што денеска го освои на неформалното светско тениско првенство Вимблдон.





