Ахмети: Законот за јазици и преспанскиот договор во пакет

Лидерот на ДУИ Али Ахмети за тиранската телевизија „Ора њус“ изјавил дека се работи на стратегија чија цел е законот за јазиците конечно да стапи во сила и тоа во пакет со преспанскиот договор.



„Употребата на јазиците може да се очекува и ратификува, но мислам дека постои важен момент, дури и заедно во пакет и Законот и Договорот со грчката страна да стапат во сила заедно. Ние разработуваме стратегија за да биде еден успешен чекор“, изјави Али Ахмети, пренесува А1.он.

Тој оцени дека одбивањето на претседателот Ѓорѓе Иванов да не потпишува указ е голема грешка.