Под мотото „Одиме напред, Македонија во ЕУ и НАТО“ саиноќа во организација на владата се одржа прослава по повод добивање покана за пристапни преговори за членство на Македонија во НАТО. Централната прослава се одржа во Скопје, а се славеше и во други 14 градови во Македонија.
„Македонија има причина да слави. Дочекавме големи настани. Ги остваруваме нашите заеднички стратешки цели, нашите заеднички сонови и надежи. Концертите вечерва се покана за обединување со сите наши политички разлики околу остварените стратешки цели на нашата земја“, изјави премиерот Зоран Заевво Битола, пренесе МИА.
Освен во Скопје и во Битола, се слевеше и во Велес, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Охрид, Куманово, Кочани, Кичево, Прилеп, Струга, Струмица, Тетово и Штип. Изборот на градовите е направен согласно рамномерната географска застапеност. Граѓаните низ Македонија ги забавуваа и Дејан Декс, Дуке Бојаџиев, Горан Кан, Ферус Мустафов, Слаткар, Бени Нон Стоп + Златко Ориѓански, Ерик Фокс, Феки Ферис, Ареа, Кристина Арнаудова, Нокаут, Адријан Гаџа, Владо Јаневски, Лепи Џони, Баклава, Фолтин, Лозано, Дани Димитровска, Елена Ристовска, ДНК…
https://www.facebook.com/svest.mk/videos/1801504253275494/
Нема податоци за посетеноста, но на социјалните мрежи, особено, имаше претежно негативни оценки ,а некој прославата ја изедначија со дебакл.

За организацијата на целиот настан ќе бидат обезбедени средства од буџетот на Владата на Република Македонија, а сумата, како што информираат оттаму, ќе биде објавена деновиве.





