Разрешениот директор на затворот во Струга, Арменд Шаќири, осомничен за злоупотреба на службената функција, експресно бил назначен на нова локална функција во ново комунално претпријатие за Паркови и Зеленило. Одлуката вчера поминала на Советот на Општина Струга.
Тој за медиумите демантираше дека бил дел од криминална група осомничена за трговија со оружје и дрога.
„По наредба на Основниот суд имаше контрола во затворот и јас дадов исказ, но не како осомничен, туку како управител одговорен за установата“, изјави Шаќири за Телевизијата 24.
Извори од МВР за повеќе медиуми потврдуваат дека Шаќири кој е кадар на ДУИ сè уште е под истрага.
Владата пред два дена го разреши Арменд Шаќири од директор на струшкиот затвор официјално по негово барање.
Неофицијално, Шаќири е разрешен по полициската акција во Струга и околината на 7 јули кога беа приведени неколку лица за дрога и рекет.





