Лука Циндриќ постигна неверојатно ефектен гол на истекот од времето, а Вардар ја победи Барселона со 26-25 и за прв пат во својата историја ќе игра во финалето од Лигата на шампионите. Хрватскиот среден бек на црвено црните ја презеде одговорноста во финишот од извонредно драматичниот дуел во Ланксес арената во Келн каде македонскиот тим во вистинска драма го елиминира деветкратниот Европски првак, и за титулата утре, ќе се бори со ПСЖ кој претходно, во првото полуфинале беше подобар од Веспрем со 27-26.
Вардар имаше неколку одлични поединци во средбата во која Душебаев даде седум гола, Чупиќ имаше ист број на реализации, Борозан пет, а стрелецот на победоносниот погодок Циндриќ, четири. Но сето ова, што секако е дел од најсветлата историја на македонскиот спорт ќе беше невозможно ако Арпад Штербик не оствареше 14 одбрани. На спротивната страна Кире Лазаров ја предводеше Барселона со шест гола.
Утре во финалето од 18 часот Вардар за титулата во Лигата на шампионите игра со ПСЖ, а во предигра на финалето, за третото место ќе играат Барселона и Веспрем.





