Во својот билтен од 30 јуни МВР информира за нападот од чии последици почина Никола Саздовски. Но во извештајот за јавноста не пишува дека во нападот биле користени ножеви од страна на тројцата напаѓачи. За МВР за делото ќе било поднесен соодветен поднесок по што напаѓачите се гонат за физички напад а не за обид за убиство.
“На 29.06.2018 година во времето од 17,30 до 17,40 часот во Скопје на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“, од страна на три непознати машки лица (кои излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“) физички бил нападнат Н.С.(21) од Скопје. По физичкиот напад лицата со возилото го напуштиле местото на настанот. Н.С. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. По преземени мерки, две лица се приведени во Полициска станица Кисела Вода поради сомнение дека се можни сторители на кривичното дело. Се работи на целосно расчистување на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок”, пишува во билтенот на МВР од 30 јуни.




