Големо свлечиште најверојатно е причина за вчерашната трагична, соопшти турското Министерство за транспорт.
Бројот на загинати лица достигна 24 лица, а ранети се 338.

Возот превезувал 362 патници со 6 членови на екипажот.
Обилните дождови во изминатите денови предизвикаа лизгање на земјиштето под шините, поради што 6 од 7-те вагони од возот кој се движел од Капкуле на границата со Бугарија, кон Истанбул, се излетаа од шините.
Повеќе од сто амбулантни возила и пожарникари беа испратени од Истанбул и околните села до местото на инцидентот. Воени хеликоптери беа исто така вклучени во отстранувањето на жртвите.




