Турскиот премиер Тајип Реџеп Ердоган денеска ќе ја исполни долгогодишната долгогодишна амбиција, кога ќе положи свечена заклетва како претседател со речиси неограничени овластувања во новиот претседателски систем во земјата.



Околу 3.000 гости, меѓу кои и 22 шефови на држави, потпретседатели, политичари, бирократи и министри од различни земји, се очекува да присуствуваат, пишува весникот Хуријет  Своето присуство го потврдија претседателите на Македонија Бугарија, Грузија, БЈРМ, Молодва, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Пакистан, Киргистан, Судан, Гвинеја, Замбија, Гвинеја-Бисао, Екваторијална Гвинеја, Сомалија , Мавританија, Габон, Чад, Џибути, Венецуела, како и Емир од Катар и водачот на кипарските Турци.

Инаугурацијата е закажана за 16,30 часот по локално време, а веднаш потоа Ердоган ќе го посети мавзолејот на турскиот основач Мустафа Кемал Ататурк. Утре тој оди во посета на Северен Кипар а веќе во четврток ќе присуствува на Самитот на НАТО во Брисел.

Ердоган убедливо, уште во првиот изборен круг победи на изборите на 254 јуни. Минатата година тој успеа да добие поддршка на референдумот со кој парламентарната демократија се менува со претседателски систем кој на шефот на државата му дава проширени овластувања.

Ова е најголема промена во историјата на овремената турска република која беше основана пред точно еден ден на урнатините на Отоманската империја.

„Турција влегува во нова ера“  изјави Ердоган викендов. „Со моќта што ни ја дава новиот претседателски систем, ќе добиеме побрзи и посилни резултати“.

Ердоган (64) е претседател на Турција од 2014 година. Тој претходно беше премиер од 2003 до 2014 година, а претходно (1994-1998) беше градоначалник на Истанбул.

Основач е на Партијата на правдата и развојот (АКП) во 2001 година, со која победи на општите избори во 2002, 2007 и 2011 година, пред да се избори за претседател во 2014 година.

Во секуларна Турција тој ја наметна својата мека исламистичка агендаа, а себе се смета за самопрогласен конзервативен демократ.

Под негова власт Турција доживеа економски бум и станува една од најбрзорастечките економии во светот.