Молња над Крчин – Фантастична аматерска фотографија (ФОТО)

Вчера фотограф аматер случајно ја направил една од најубавите аматерски фотографии годинава.



Младата Анастасија Јаневска во близина на Дебар фотографирала голема молња над врвот Голем Крчин на планината Крчин и околината.

Фотографијата е оригинална и на неа е интервенирано само да се прикаже соодветно локацијата во моментот на блесокот на громот.

Локацијата над селото Косоврасти сместено под Крчин неколку секунди пред громот и за време на ударот на молњата.

Фото: Анастасија Јаневска