Речиси 7 од 10 Грци го оценуваат „веројатно негативно“ или „сигурно негативно“, договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, според истражувањето на агенцијата MRB спроведено меѓу 22 и 29 јуни годинава, преку директни интервјуа со вклучени 2.000 граѓани со право на глас.
На прашањето „Врз основа на она што го знаете, она што го имате слушнато, што го имате прочитано, како во целост го оценувате договорот што го потпиша грчката влада со ПЈРМ?“, позитивен одговор одбрале само 12,8 отсто, 3.5 отсто рекле сигурно позитивно, 9.3 отсто веројатно позитивно, додека пак 68.3 отсто од испитаниците одговориле негативно.
Од нив 48.4 отсто го оценуваат сигурно негативно договорот, а 19.9 отсто веројатно негативно. Од испитаниците било побарано да дадат позитивна или негативна оценка на одредени делови од договорот, како на пример: „Новото име на соседната земја ќе биде Република Северна Македонија и ќе се користи ерга омнес“ – оваа точка 16.2 отсто од анкетираните ја оценуваат позитивно, 62 отсто негативно
33.6 отсто од анкетираните ја оценуваат позитивно точката дедека „Врз основа на Договорот, соседната земја ќе влезе во НАТО и ќе започне пристапни преговори со ЕУ само во случај кога ќе заврши со уставната ревизија и договорот ќе се ратификува и од грчкиот парламент“
Дека договорот повеќе им служи на македонските интереси (73.3 отсто) и дека е штетен за националните интереси на Грција сметаат 70.5 отсто од анкетираните кои сметаа дека и во иднина ќе има сериозни проблеми.





