Барањето на лидерот на помалиот коалициски партнер „Независни Грци“ во грчката влада дека договорот за името треба да биде ратификувано со „супермнозинство“ во грчкиот парламент, ќе биде адресирано „кога ќе дојде време“, изјави портпаролот Димитрис Ѕанакопулос.
Панос Каменос побара за договорот од Преспа да гласааат 180 пратеници, односно 3/5 од ппратениците во 300 члениот грчки парлемент, а не 151, бројка што можат да ја обезбедат сегашните коалициони партнери СИРИЗА И Незџависни Грци.
„Уставот на Грција предвидува гласање на 180 пратеници за поддршка на меѓународен договор само кога владините овластувања или овластувања што ги доделува Уставот се отстапени на државните агенции во меѓународни организации. Тука немаме таков случај, така што не постои такво уставно барање“, рече Ѕанакопулос.
Портпаролот смета дека предлогот на Каменнос е политички и ќе биде предмет на дискусија и консултации во владата „кога ќе дојде време да ги донесат потребните политички одлуки“.





