„Борисов беше многу корисен кога им објасни на земјите од Западен Балкан дека времето за нивното членство уште не е дојдено“, изјави претседателот на Европската комисија кој истакна дека токму за време на бугарското претседателство и на напорите на Софија, Република Македонија и Албанија добиле можност за започнување на преговори за пристап со ЕУ.
Ова ќе се случи во јуни-јули 2019 година, рече Јункер.
„Првото претседавање на Бугарија со ЕУ беше голем успех, за разлика од претседателството на многу други земји“.
Претседателот на ЕК позитивно ја оцени улогата на бугарскиот премиер Бојко Борисов за европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Според него, благодарение на Бугарија, ова прашање повторно се најде на дневен ред, пренесе БГНЕС.





