Вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор Хазби Лика веќе два месеци не оди на работа. Како што велат владини извори за САКАМДАКАЖАМ.МК, Лика не доаѓа во кабинетот поради тоа што е револтиран од лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој во една внатрепартиска битка не го поддржал, туку застанал на страната на друг висок партиски функционер. Тој не бил присутен и на вчерашната владина седница пишува порталот.
Бидејќи Лика не доаѓа на работа, блокирано е и прераспределувањето на вработените по Рамковниот договор кои не одат на работа, а земаат плата.
Од владината служба за информирање велат дека вицепремиерот работи во Владата, а за подетални информации новинарот на СДК.мк бил упатен да се јави во неговиот кабинет.
Вицепремиерот Лика беше во крилото на ДУИ кое се спротивстави за повторно коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ по изборите во декември 2016 година. Тој заедно со потпретседателите на партијата Невзат Бејта и Теута Арифи остро се спротивставија на повторното формирање влада со Никола Груевски, па Ахмети во последен момент, наместо со долгогодишниот партнер ВМРО-ДПМНЕ, коалицираше со СДСМ.
Повеќе на сдк.мк





