Апелационите судии оцениле дека Кривичниот суд бил многу благ кога минатата година определил условни казни за упадот во Собранието на 27 април 2017, па ги преиначил пресудите на 9 лица кои сториле кривични дела во највисокиот законодавен дом.



Aпелација, како што дознава „Телма“ пресудила по 1 година затвор на седуммина, Димче Христовски- Жабата добил година и половина затвор, а Борис Мутков 8 месеци.

Во четврток се очекува и пресуда за 7 лица кои одговараат за напад и убиство во обид на пратеникот Зијадин Села.