Кампањата почна: Заев повика за „да“ на референдумот

„Јас сум Македонец и ве повикувам сите – Македонци, Албанци Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други, ама сите – да кажеме ‘да’ на нашата иднина“.



Оваа порака напишана на македонски и на албански јазик ја објави премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук-профил.

За многумина повикот се смета за почеток на кампањата за претстојниот референдум за името.

Според најавите, тој би требало да се одржи на крајот на септември или во почетокот на октомври.