Шефот на грчката дипломатија ја отфрла можноста за гласање од 180, наместо 151 пратеник за ратификација на договорот од Преспа, како што побара лидерот на Независни Грци и коалициски партнер во грчката Влада, Панос Каменос.
„Јас лично му објаснив на Каменос и ќе продолжам да го имам овој став дека Уставот предвидува 180 гласови за договор за отстапување на национален суверенитет. Ние не отстапуваме национален суверенитет. Имаме договор за промена на името и на Уставот на трета земја„ рече Коѕијас. Според кој „нема шанси да не се изгласа во парламентот“, пренесе МИА.
Парламентарното мнозинство која ја поддржува коалициската влада Ципрас-Каменос во грчкиот парламент сега е 152 од вкупно 300 пратеници.
Во интервју за грчкото радио „Њуз 247“, Коѕијас вели дека „добро одат временските рокови“ и очекува до крајот на годината Македонија да ги заврши обврските, а потоа да биде и гласањето во грчкиот парламент.





