Албанската влада го отфрла предлогот да биде домаќин на центри за прием на мигранти и бегалци кои сакаат да стигнат до земјите-членки на ЕУ, вели албанскиот премиер Еди Рама.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц и претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајањи предложија барателите на азил и имигрантите да бидат испратени во кампови во земјите на Балканот.
Тирана никогаш нема да прифати кампови за бегалци и мигранти на албанска територија, дури и ако за возврат ѝ биде понуден прием во ЕУ, вели Рама во интервјуто објавено за германски „Билд„“.
Тој тврди дека неговата влада е подготвена да придонесе и да помогне во решавањето на пан-европските проблеми, но, се разбира, не може да ги реши таквите проблеми самостојно.
Миграциската криза ќе биде во фокусот на самитот на ЕУ утре и во петок.
Вчера владите на ЕУ дадоа привремено зелено светло за отварање на преговорите за пристапување со Албанија и Македонија, но во исто време го поврзаа нивниот напредок со спроведувањето на реформите.





