Главната опозициска Неа демократија нема да го ратификува договорот потпишан од Атина и Скопје за решавање на спорот за името, изјави лидерот, Киријакос Мицотакис, кој одново го  обвини премиерот Алексис Ципрас за „лош договор“ со кој направил преголеми отстапки кон северниот сосед.



„Ципрас и владејачкото мнозинство ги предадоа ‘македонската националност’ и ‘македонскиот јазик’во соседната земја (ФИРОМ), изјавил Мицотакис за време на неговата посета на Кукуш, истакнувајќи дека лошиот договор за името веќе дава резултати и дека „неговата партија нема да гласа за нејзината ратификација кога станува збор за парламентот“ пренесе АНА-МПА.

Мицотакис присуствуваше на прославата на 105.годишнината од ослободувањето на Кукуш:

„По провокативните фиести во, се повеќе и повеќе Грци сфаќаат дека лошиот договор потпишан од премиерот Алексис Ципрас и неговиот колега од БЈРМ, Зоран Заев,  веќе дава резултати:  Владата ѝ предаде на соседната земја нешто за што ниту една претходна влада не дискутирала, ниту за македонската националност и за македонскиот јазик“ рекол Мицотакис.

Тој повтори дека Неа демократија ќе гласа против договорот кога ќе се најде во грчкиот парламент “.