Канадскиот Сенат усвои закон со кој се легализира рекреативната употреба на канабисот.
Предлог-законот ќе им овозможи на канадските провинции да го контролираат и регулираат начинот на кој марихуаната може да се одгледува, дистрибуира и продава, а веројатно е дека продажбата ќе започне до крајот на летото.
Канада e втората земја во светот (по Уругвај) која ја легализира марихуаната за возрасни на национално ниво.
Актот треба да добие и кралско одобрение – последниот чекор во канадскиот законодавен процес – да стане закон, но тоа се очекува да се случи до крајот на оваа недела.
Канаѓаните од октомври ќе можат слободно да купуваат и конзумираат канабис.
Легализирањето на рекрееативната употреба на канабисот, беше дел од предизборните ветувања на канадскиот премиер Џастин Трудо.





