Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас оценува дека со Македонија го постигнале најдобриот можен договор за Грција, а притоа не дале никаква отстапка.
„Не дадовме ништо во замена за нешто. Го постигнавме најдобриот договор за нашата земја“, изјави тој за телевизијата АНТ1, коментирајќи го договорот Заев-Ципрас за името на македонската држава и за целиот пакет поврзан со него.
Мнозинството луѓе сфатија дека проблемот со Скопје е решен“, додаде Коѕијас и нагласи дека некои биле „збунети“ поради историјата на древна Грција и географијата на Македонија.
„Првпат договорот меѓу Атина и Скопје дефинитивно и неотповикливо ја одвои древната грчка цивилизација“, наведе шефот на грчката дипломатија, изразувајќи увереност дека договорот ќе помине во Парламентот.
„Скопје презеде најголем ризик“, забележа тој и додаде дека неговиот курс кон Европска унија и НАТО ќе биде блокиран ако не ги исполни условите од договорот.
Коѕијас истакна и дека договорот ги зема предвид грчките интереси и додаде дека во Грција се потценува фактот оти соседната земја го менува името.





