Спикерот на македонскиот парламенти за денеска во 11 часот ја закажа седницата на за ратификација на Договорот за промена на името на земјава,а потпишан завчера во Преспа и усвоен вчера од владата.
Заобиколена е собраниската Комисија за надворешни работи со која претседава екс-министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, и која има ингеренции да даде свое мислење за:
-надворешната политика на Република Македонија и нејзините односи со другите држави и меѓународни организации;
-политиката со која се обезбедува грижата на Републиката за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, како и за културните, економските и социјалните права на граѓаните од Републиката во странство;
-стапување или истапување од сојуз или заедници со други држави;
-стапување вo членство или истапување од членство на меѓународни организации;
-потреба од започнување преговори за склучување билатерални и мултилатерални меѓународни договори на Република Македонија, односно за платформите на овие преговори;
Со „европското знаменце“ за договорот ќе се „дебатира“ на собраниска Комисија за европски прашања со која претседава Артан Груби од ДУИ.
Да потсетиме, и „законот за јазици“ во Собранието „влезе“ со „европско знаменце“.





