Новинарот на порталот Инфомакс.мк Борислав Стоилковиќ кој беше приведен вчера за време на простестите против промена на името и договорот со Грција десетина минути по полноќ е пуштен од полициската станица во Автокоманда каде што бил однесен откако одбил да ја предаде камерата со која ги следел протестите.
Полицијата го привела затоа што се сомневала дека на снимените видеа од него има и припадници на полицијата кои што интервенирале вечерта.
Интересно е што полицијата само од него побарала да ја редаде камерата иако настанот го следеле повеќе телевизиски и други медиумски екипи кои правеле видео снимки на кои не е исклучено дека се гледаат и припадници на МВР.
За време на инцидентот полицајците кои го апселе новинарот и снимател дошле во вербална расправија со екипите на Алфа и Слободен печат кои барале тој да биде ослободен.
Веднаш по пуштањето од станица новинарот заминал во Ургентниот центар во Скопје каде што му бил измерен висок крвен притисок и се евидентирани повреди на долните екстремитети.
Повредите најверојатно се добиени од удари со полициски цокули во пределот на потколениците.








