Во протестите пред Собранието вечерва во Скопје поради потпишувањето на договорот за името, има и повредени.
Демонстрантите ја турнале заштитната метална ограда, а полицијата употреби шок бомби и солзавец, а над десет лица се уапсени.
Интервенирала и екипа на Брзата помош, јави порталот СДК.
Насобраните граѓани извикувале „Не го даваме името“ и пееле патриотски песни, а дел од нив со камења и факли гаѓаа кон полицискиот кордон, јави „Макфакс“.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вечерва, во Отвореното студио на 1ТВ, „жестоко” го осуди насилството: „Жестоко го осудувам насилството, особено врз новинари. Не можеш да ја сакаш Македонија и да ја браниш со тоа што ќе тепаш граѓани на државата. Не можеш да ја сакаш Македонија и да им се закануваш на Македонците”, 1ТВ вечерва.
Непознати лица го нападнале снимателот на 1ТВ пред Собрание по што се здобил со повреди на ‘рбетот, јави НОВА ТВ.
https://www.facebook.com/aleksandar.pandov/videos/1592181910894285/





