Грчкиот парламент ја отфрли вечерва иницијативата на опозициската Неа демократија да ѝ изгласа недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас.



Од вкупно 300 пратеници во парламентот, гласаа 280. Од нив 127 гласаа да и и се изгласа недоверба на владата а 153 беа против.

Ова беше очекувано по денешната изјава на лидерот на Независни Грци, Панос Каменос дека  партијата не се согласува со договорот со Скопје, но дека нема да гласа за „паѓање“ на владата во која и тие се дел.

Алексис Ципрас со поддршката од Каменос, имаше цврста гаранција дека контролира 154 пратеници.

Пратеникот Димитрис Каменос од Неависни Грци којј утрово за Скај Тв рече дека миинистерот Никос Коѕијас нема авторизација да го потпише договорот, гласаше „против“ владата и веднаш беше исклучен од партијата.