Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас за време на дебатата во грчкиот парламент за спогодбата за името „Северна Македонија“ изјави дека опозициската Неа Демократија е ‘атинска гранка на ВМРО’ напиша денеска на „Твитер“ Јанис Кутцомитис, грчки аналитичар и колумнист во Phileleftheros daily.
Дали вистина шефот на грчката дипломатија изјавил такво нешто, како одговор на жетоките критики од опозицијата која го смета договорот со Скопје за „предавство“, или се работи за „лажна вест“ тешко е да се провери.
Во секој случај „твитот“ предизвика вицкасти коментари.




