Бугарската влада бара “ревизија на договорот за пријателство” со гаранции за спречување на” иредентизмот “од” предложеното ново име “Северна Македонија.
Ревизијата на договорот мора да се случи затоа што ревизија ќе му се случи и на македонскиот устав, велат најавите од Софија за expres.mk.
Изворите на наводниот македонски иредентизам се лоцираат во новото име Северна Македонија бидејќи се однесува на географските области кои се наоѓаат југозападно од Софија и западно од Пиринска Македонија.
Предходно двајца бугарски претседатели, Прванов и Плевнелиев изјавија дека Северна Македонија не е прифатливо за Бугарија затоа што таа историски опфаќа територии на Бугарија.





