Додека во Македонија се случуваат протести и тензии поради договорот со Грција за името министерот за надворешни работи Андреј Жерновски престојува во Грција на одмор.
Далеку од притисокот и омразата кон власта од страна на граѓаните за променетото име тој заедно со своето семејство одмара во едно туристичко место на педесетина километри од Солун.
Местото го носи предзнакот Неи и не е на Халкидики туку е на патот меѓу Солун и Скопје.
Читатели на expres.mk испратија и фотографија која сепак нема да биде објавена затоа што на неа има малолетни деца.
Жерновски на одмор оди само десетина дена по именувањето на позицијата заменик министер за надворешни работи и два дена по потпишувањето на договорот со Грција.
Жерновски во суштина има право да оди одмор кога сака и каде сака согласно законските прописи, но во услови кога граѓаните демонстрираат за нешто што во голем дел спаѓа во неговите надлежности, краен цинизам е да ја напуштите политичката арена и да заминете на одмор макар и на само половина ден.
По долги години во раководството на ЛДП лани во септември Жерновски прејде до СДСМ.
Во недела или понеделник неговиот шеф министерот Димитров во Преспа треба да го потпише договорот со Грција.
Во протестите против договорот завчера се уапсени десетина граѓани.





