Австралиски војник кој поставил знаме со нацистичка свастика на борбено возило во Авганистан, пред повеќе од 10 години, погрешил и е казнет на време, изјавил австралискиот премиер Малколм Турнбул, пренесува агенцијата Макфакс.
Знамето било закачено на воен џип за време на патрола во Авганистан во 2007 година, а фотографијата ја објавил австралискиот јавен сервис Еј-Би-Си.





