Според спогодбата со Грција која ја прифатила Владата “НОВОТО ИМЕ и термините ќе бидат ВГРАДЕНИ во СИТЕ членови на Уставот, амандмани на Преамбулата, член 3 и член 49 од Уставот”.
Зборот Македонија се брише и менува 152 пати во Уставот и сите институции.
Грција особено инсистира на членовите 49 за македонското малцинство и членот 3 во кој се зборува за границите на земјата.

Тоа практично значи дека Грција бара промена на целиот устав на РМ. Тоа се гледа и од работниот документ на грчката влада до кој дојде expres.mk кој ка објаснува грчката позиција.





